fbpx
17.8 C
Skopje

Трампа која ќе го затресе Островот: ЧЕЛСИ И СИТИ ДОГОВОРИЈА ЗАМЕНА!

АКТУЕЛНО

По Манчестер Јунајтед и Арсенал, за трампа се подготвени и Чели и Манчестер Сити. И тоа каква!

Имено, Челси сака вистински напаѓач бидејќи Алваро Мората и не одамна пристигнатиот Оливер Жиру не се баш она што Антонио Конте го сака, а една суперѕвезда би можела да ја промени ситуацијата и лошата атмосфера во клубот.

Јасно е дека Челси мора многу повеќе од ова за да би бил повторно конкурент во борбата за титулата, па една од главните мети е сигурно Серхио Агуеро.

Од друга страна, Пеп Гвардиола бара еден крилен напаѓач откако овде повеќе не е Алексис Санчез, а највеќе во неговите замисли се вклопува токму Еден Азар, кој истовремено е посакуван и од Реал Мадрид и ПСЖ.

Баш поради горе наведените факти се појавува можност за замена меѓу Сити и Челси, па Агуеро и Азар би ги замениле своите клубови. Иако, повикот од Реал е доста привлечен за Азар, Гвардиола ќе мора многу добро да се потруди за да го купи.

Наводно, тој е подготвен покрај Агуеро да даде плус пари, па останува да видиме дали тој би бил побрз од неговите колеги од Реал…

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -