Вашето име и презиме е нешто што ве обележува засекогаш, но можеби баш тоа е причината поради која не ви оди баш најдобро со парите.
Соберете ги броевите од името и презимето, а потоа соберете ги и двата броја заедно, се додека не добиете едноцифрен број и проверете што тоа вели за ваш и парите.
1 – А, Ф, Н, В
2 – Б, Г, Њ, З
3 – Ц, Х, О, Ж
4 – Ч, И, П
5 – Ќ, Ј, Р,Ѓ
6 – Д, К, С
7 – Џ, Л, Ш
8 – Ѕ, Љ, Т
9 – Е, М, У
Пример; Марија
9 + 1 + 5 + 4 + 5 + 1 = 25
2 + 5 = 7
Еден: Вие сте личност која секогаш сака да биде прва. Секогаш совршено ја извршувате работата и никогаш не се потпирате на другите. Повеќе ве интересира работата отколку стекнување на капитал.
Два: Секогаш имат партнер на кој може да сметаат за пари. Нив обично партнерот ги издржува, вработува или обезбедува услови, за да успејат да ги реализираат своите работни обрски. Овие луѓе највеќе доаѓаат во израз кога работат со тим или во двојки.
Три: Оваа група на луѓе најмногу ги сака парите, но тешко доаѓаат до нив.Меѓутоа ако со бизнис поврзат и забава, тогаш на нив нема да им недостигат пари. Главна карактеристика им е креативност.
Четири: Ако го добивте овој број, тоа значи дека тешко доашате до пари и мора да вложувате многу напор за секој успех, како и да се откажете од забаварта.
Пет: Овие личности се лежерни и опуштени, а најголемата заработка ја стекнуваат со патување и иновативост, имаат добра интуиција и способност да помогнат а да не трошат многу пари, каде сите останати трошат.
Шест: Потребни ви се луѓе кои се истомисленици со вас за да се поврзете. Најголем успех постигнуваат со семеен бизнис. Ако не успејат да се запослат кај блиски луѓе или роднини тогаш цел живот ќе го поминат во сиромаштија.
Седум: Сакате кога откривате туѓи тајни, зошто тоа може да ви помогне при заработка.Во состојба се да жртвуваат многу пари само да себават со она што го сакаат. Ако тоа им се оствари, финансиите им се загарантирани.
Осум: Осмицата е најважна, овие луѓе сакаат да бидат добро платени за она што го работат.Не само што се способни добро да заработат, туку и да го дуплираат заработеното. Една од нивните главни карактеристики е што знаат каде да уложат пари за да може да ја дуплираат заработката.
Девет: Овие луѓе бараат работа која ќе им донесе брза и лесна заработка. Нивна главна карактеристика е нетрпеливост, која е пререка за заработка. За нив е важно да научат дека не мора секогаш трудот да се исплати од прва и да бидат по упорни, така ќе имаат голема шанса за богатство.