На овој тандем сигурно се сеќавате. “About a boy” е познатиот филм кој е снимен во 2002 година, каде главните улоги му припаднале на Хју Грант и Николас Холт, односно Вил Фриман и Маркус. После 16 години двајцата глумци повторно се сретнаа и тоа на црвениот тепих на доделувањето на британските Оскари односно наградите BAFTA кои се одржуваат во Лондон.


Хју Грант очигледно е како виното, колку старее толку е позгоден, додека Николас неминовно израснал во прекрасен маж. Господинот Грант кој има 57 години и кој по петти пат ќе стане татко, на доделувањето на наградите пристигна со неговата девојка и мајката на неговото петто дете, продуцентката Ана Еберштајн.

Глумецот во традиционален смокинг позираше пред фоторепортерите, додека неговата партнерка се појавила во необична модна комбинација, фустан и блејзер.
Повеќе за ова на: Tocka.com.mk