Фудбалскиот клуб Арсенал потпиша денес нов, пет годишен договор за спонзорство со авиокомпанијата Емиратес.
Арсенал соопшти дека новиот договор е “најголемиот спонзорски договор“ кој тој клуб некогаш го потпишал, а британските медиуми наведуваат дека е вреден 280 милиони долари.
Играчите на Арсенал ќе го носат логото на компанијата на дресовите до крајот на сезоната 2023/24.
Емиратес е спонзор на Арсенал од 2004. година, а името на таа компанија се наоѓа на дресовите на Арсенал од 2006. Авиокомпанијата од Дубаи, исто така, има право и на име стадионот во северниот Лондон до 2028. година.