Почитувани, обрнуваме внимание на фактот дека во сите извештаи на експертски, домашни или странски кои го оценуваат демократскиот и институционалниот напредок на Република Македонија, владеењето на правото, функционирањето на правната држава и поделбата на власта, се секогаш на високото прво место. СЈО во случајот за затајување данок против новинарката од Сител и Вечер, Ивона Талевска, “педагошки” ја објаснуваше “потребата” за плаќање данок, како основен извор за финансирање на државата. Цели шест години!? Без УЈП? Без извршители? Без инспекции? Што финансира обичниот граѓанин на Македонија? И зошто? Отсуството на елементарен морален и професионален вредносен систем, нема да биде надополнет со никакви “сертификати” , “обуки и работилници” Само во Македонија Јустиција е и глува и нема, дека е слепа знаевме одамна. Се додека “сваровски судиите” се дел од судската власт во земјава и “делат правда” се додека во земјава се оди во затвор за “50 ќебапчиња, 3 тегли зимница , а не дај боже да објавите како новинар текст кој нема да им се допадне на “властодржците” можете веднаш да прекинете со секакви “преговори” и за името, и за отпочнување на преговори со ЕУ. И не, ниту грците, ниту “надворешниот” непријател, ниту пак “предавниците” ке ни бидат виновни. Секогаш станувало и станува збор за највисоките избрани и именувани функционери во Македонија. И да. Секогаш е се “според Уставот и законите на Република Македонија”