Пратеникот од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам вечерва гостува во емисијата “Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
На прашањето на новинарката за ветувањата на Амди, за кафезот за премиерот Заев и за морковот кој тој му го нудеше во кампањата, тој кратко одговори:
– Тоа беше шега, и тоа е.
Веќе не сум Кока Кола, туку сум најстар пратеник со мандати во Парламентот на Република Македонија. Тука сум да ја застапувам мојата политичка партија, да покажеме дека постоиме и ние Ромите во Македонија.
– Она што новата власт го прави, го поддржувам. Гледате дека во ова сега е вмешана Европа и цел свет. Мислам дека на добар пат сме, тоа е еден добар показател за Македонија, рече Бајрам во однос на прашањето за македонско – бугарските односи, како и потезите на новата власт за името и договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.