Напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски е брилијантен и оваа сезона, со 20 голови уверливо е прв стрелец во Бундеслигата. Полјакот веќе некое време се поврзува со заминување од Минхен, а наводно најсериозна опција е Реал Мадрид кој долго време посакува овој фудбалер да се најде во нивните редови. Сепак, самиот напаѓач тврди дека не размислува за својата иднина, и дека е фокусиран само на германскиот клуб.
– Не размислувам за својата иднина ниту учествувам во разговори со други тимови. Играм за Баерн и сакам да дадам се од себе за овој клуб. Единствено на тоа сум фокусиран, порача денес бившиот шпиц на Борусија.
Доколку сега би размислувал за шпекулациите кои ме поврзуваат со Мадрид, би изгубил фокус и приоритет, што би можело да влијае на моите настапи, призна напаѓачот.