Fri. Sep 22nd, 2023

Во Италија и понатаму спасувачките тимови се во трка со времето за извлекување на преживеани во хотелот кој е затрупан со снег по лавина која што се случии пред три дена.

Како што информираат светските медиуми ноќеска, околу 3 часот по локално време, успеале да спасат две жени и еден маж, а уште еден маж бил спасен утрото.

Вчера од под урнатините беа спасени четири деца и една жена.Така сега бројката на спасени се искачи на 10 лица.

Во текот на ноќта биле пронајдени и тела на две жени, со што бројот на жртви сега изнесува четири, а 15 луѓе се уште се водат за исчезнати.

Хотелот во планинскиот венец Гран Сасо беше затрупан со лавина на 18 јануари.

By s.s.

Leave a Reply

Your email address will not be published.