Sun. Oct 1st, 2023

Доцна во ноќта во близина на италијанскиот град Верона се случило вистинска трагедија. Автобус полно со тинејџери од Унгарија, на возраст од 16 до 18 години се забил во столб на автопат по што возилото се запалило.

Досега потврдено е дека најмалку 16 лица се загинати, додека околу 39 се пренесени во локалните болници, а се стравува дека овој број на загинати би можел да се зголеми.

Според првичните информации автобусот се враќал за Будимшпешта од Франција, каде учениците биле на екскурзија. Поголем број од загинатите својот живот го загубиле откако останале заглавени во внатрешноста на автобусот и изгореле, додека некои од силината на ударот биле исфрлени надвор.

Засега не е позната причината за несреќата, а се наведува иако не е потврдено дека и шоферот, инаку Француз е еден од загинатите.

By s.s.

Leave a Reply

Your email address will not be published.