Утре се игра првото полувреме од пресметката меѓу Челси и Барселона во Лигата на шампионите, меч кој ќе покаже во каков правец ќе се движи дуелот на старите добри ривали во ова натпреварување.
Благ фаворит на хартија можеби се Шпанците, но „сините“ многупати во натпреварите со каталонците покажале колку се опасни и незгодни за ривалот. Меѓутоа без разлика на тоа славниот бразилски ас Ривалдо верува оти неговиот поранешен клуб ќе излезе како победник од оваа осминафинална битка.
-Ова е тешка битка, но Барселона е фаворит. Мора да ги почитувате англиските тимови, ама сметам Барса е подобар состав од Челси и ќе се пласира во следната рунда, -истакна Ривалдо кој се потсети на двобојот со „сините“ во 2000 година кога Барселона славеше над со 5-1 по продолженијата.
-Паметам загубивме 3-1 во Англија, ама се вративме дома по продолженијата во еден тежок натпревар. Имав пенал во 45 минута од второто полувреме за 4-1, но го промашив. Потоа средбата отиде во дополнителни минути во кои дадовме два гола, -рече легендарниот Бразилец.
Извор: Derbi.mk