18.8 C
Skopje
Sunday, June 15, 2025

Кутињо ја шеташе Барселона со своето семејство, па остана БЕЗ АВТОМОБИЛ!

Барселона утре игра во Лондон каде што Челси ќе го игра првиот меч од натпреварот во осмина финалето од Лига на шампиони, а Ернесто Валверде нема да може да смета на услугите на Филипе Кутињо.

Бразилскиот фудбалер пристигна минатиот месец во Барса како големо засилување, но нема да има право да настапува во Лига на шампиони оваа сезона бидејќи веќе играше за Ливерпул и тоа во првиот дел од сезоната. Кутињо е приморан да го бодри својот тим преку малите тв екрани.

Тој ја искористи оваа прилика да помине повеќе време со своето семејство земајќи во предвид дека не отпатувал со екипата во Лондон. Бразилецот беше на прошетка на познати туристички места во Барса, но наиде на незгодна ситуација. По прошетката низ градот со фамилијата фудбалерот на Барселона разбра дека му го нема автомобилот. Првично помисли дека е украден, но набрзо му објаснија дека неговото паркирање било непрописно по што неговиот автомобил бил соберен од “пајак“, по што ќе мора да плати одредена сума на пари како казна.

ФОТО

поврзани објави

     

Последни објави