Искусниот холандски напаѓач Робин Ван Перси оваа зима се врати во Фејноорд, за кој настапи на шест натпревари во лигата и постигна два гола.
Ван Перси во неделата на натпреварот против Хераклеса за прв пат беше стартер и на теренот помина цели 73. минута, а на многу им падна во “око“ тоа што не беше најистурениот напаѓач во својата екипа.
Имено, тренерот на клубот на Ван Перси му додели нова улога во екипата и го прекомандуваше во средниот ред, што е и логично бидејќи холанѓанецот веќе не е толку брз и експлозивен како некогаш.
Дека Ван Перси добро се снајде на новата позиција говори и доказот дека постигна гол во споменатиот натпревар. Неговиот клуб славеше со 1:0, а Ван Перси беше единствениот стрелец на натпреварот во 55. минута.
https://www.dailymotion.com/video/x6eya9t