Во редовите на лоноднските “сини“ посакуваат победа на вечерашниот натпревар против каталонскиот гигант.
Момците на Антонио Конте денеска со посебен мотив го пречекуваат клубот од Барселона во мечот од Лигата на шампиони. Сините одЛондон никогаш не го заборавија натпреварот против Барса од Лига на шампиони, кога тие беа оштетени во борбата за титулата, бидејќи судијата Овербо на некој начин буквално им ја одзеде. Тогаш во неколку наврати судијата Овербо не досуди пенал за Челси, а при самиот крај токму поради ваквите грешки на судијата ремизираа на домашен терен.
Во деновиве пред натпреварот, во фудбалската јавност свое видување за натпреварот кој ни претстои изнесоа повеќе фудбалери, меѓу кои Балак, Меси, Педро, Фабрегас и Азар.
Иако целиот свет ја виде помошта што Барса ја доби од Овербо во полуфиналниот дуел во 2009, денешните играчи на Челси велат дека токму тоа им е дополнителен/посебен мотив за да ја победат Барселона на Стемфорд Бриџ.
– Тоа никогаш не го заборавивме. Ниту пак ќе го заборавиме! Сакаме да им вратиме, да ги расчистиме сметките, да ги победиме, велат од Челси.