18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Мицкоски: Љубчо Георгиевски е добредојден, ги очекуваме сите добронамерници да бидат со нас против штетните политики на оваа власт

ВМРО-ДПМНЕ има план, има желба, што поконретна и поконструктивна соработка да имаме со Села, Ахмети и вклучително сите политички партии од албанскиот електорат.

Ако ние имаме програма која би била интерес на граѓаните, а за истата би се сложиле, тогаш јас немам никакви предрасуди за да имам соработка со било кој од нив. Ваков одговор даде Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на прашањето за евентуална идна соработка со албанските политичари во Република Македонија.

На прашањето на новинарот дали се сретнал со Љубчо Георгиевски и дали има простор за соработка меѓу нив двајца, новоизбраниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече:

-Со господинот Георгиевски не сум имал средба неколку месеци. Што се однесува до соработката, апсолутно да. Вратата за сите оние луѓе кои се добронамерници се добредојдени и ги очекуваме рамо до рамо со нас во борбата против штетните политики на оваа власт.

Во однос на прашањата за името, Мицкоски рече:

-ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде изговор за неуспех на некого бидејќи секој оној кој што самиот, како што знаат старите да кажат “си ја закувал чорбата, треба да си ја срка“. Ниту ние ќе дозволиме да бидеме оправдување за неуспехот на некого ниту пак ќе бидеме дел од решение кое што нема да одговори на интересите на Република Македонија, рече Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави