По предлог од грачката Влада, Парламентот во Атина денеска расправа за формирање прелиминарна предистражна комисија за десеттемина политичари, кои се вмешани во случајот со фармацевтската компанија „Новартис“.
Владејачкото мнозинство предложи да се формира специјална парламентарна комисија која ќе ја истражи надлежноста на Парламентот, за тоа дали да ги гони или не политичарите за мито, корупција и перење пари од криминалните активности што можеби ги направиле.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, расправата на која збор ќе земат пратеници, министрите за правда и здравство, вмешаните политичари и лидерите на политичките партии, започна претпладнево, а се очекува да заврши доцна вечерва со тајно гласање.