Жител на Прилеп со иницијали Б.П. на возраст од 66 години по грабеж во неговата куќа во текот на вчерашниот ден останал без пари, накит и оружје.
Засега непознат сторител извршил тешка кражба на ул.„5-та Прилепска“ каде што живее погоре спомнатиот и притоа одзел 100 евра, златен и сребрен накит, еден револвер марка “Тулумбар“ калибар 7,65мм за кој пријавителот имал дозвола за поседување,една кутија муниција со 20 куршуми калибар 7,65мм, еден стар пиштол “Тулумбар“ (украс-трофејно оружје) и еден ловечки нож.
Имено сторителот со прескокнување на оградата влегол во дворното место од куќата на пријавителот, насилно ја отворил влезната врата од куќата, влегол внатре и извршил пребарување по просториите и откако ги одзел наведените предмети го напуштил местото на настанот.