14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Водителка на радио се породи во живо за време на нејзината емисија

Американската водителка на радио, Кесиди Проктор се породила додека ја водела својата утринска емисија, пренесува Индепендент. После породувањето, водителката и мајка рекла дека се чувствува како да е на “седмо небо”.

Водителката од Сент Луис, Мизури одлучила да се породи “во живо” во својата емисија и да ги сподели најинтимните моменти со своите верни слушатели, кои од самиот почеток ја следеле нејзината бременост. Водителката се породи по пат на царски рез, бидејќи тоа било неопходно.

ФОТО

Откако добила дозвола од болницата, таа ја замолила медицинската сестра да го придржува телефонот за да можат нејзините слушатели да ја слушнат неа и нејзиниот сопруг како го пречекуваат доаѓањето на нивниот син.

“Еве го”, рекол сопругот Џери во моментот кога малиот Џејмсон дошол на свет.

После породувањето, водителката рекла дека се чувствува како да е на “седмо небо”. Ја запрашале дали е нервозна што целата процедура ќе биде снимена и емитувана, таа одговорила дека единствено нешто за што била загрижена, било “доаѓањето на бебето на свет”, а сè останато што прави во емисијата е нешто што го прави секој ден.

 

Извор: Tocka.com.mk

поврзани објави

Последни објави