fbpx
17.8 C
Skopje

Честитка од Заев до претседателот на САД Трамп за инаугурацијата

АКТУЕЛНО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати Честитка до претседателот на САД, Доналд Трамп, за неговата инаугурација.

„Ви ја честитам инаугурацијата за претседател на САД, големиот стратешки пријател на нашата држава, Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име.

За граѓаните на Македонија од огромно значење е придонесот на САД во развојот на демократските процеси и почитувањето на човековите слободи и права во земјава.

Исто така од големо значење е поддршката на САД за безбедноста на Република Македонија и целиот регион.

Иднината на Македонија како држава е во НАТО и Европската унија и се надевам дека САД ќе продолжи со политиките на поддршка на евро-атлантските интеграции.

Се заблагодаруваме на континуираната успешна соработка што во тој дух ја има нашата земја со САД и се надеваме дека така ќе продолжи и во иднина“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -