18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Де Геа го сака Манчестер, но има и скриен адут ако сака да ги уцени да го пуштат во Реал

По којзнае кој пат се зборува за Реал Мадрид и Давид Де Геа, па така и длабоко оваа зима, се уште далеку од летниот трансфер пазар.

Шпанскиот голман е столбот на овој денешен Јунајтед, без него составот на „ѓаволите“ ќе се распаѓа по сите страни и ќе прима многу голови, па затоа е и на цена.

Тој има договор до 2019 година, но се верува дека тој е блиску да потпише нов, подобрен договор до 2021 година кој ќе го задржи во Манчестер, далеку од Реал Мадрид.

Но се верува дека Де Геа доколку има се уште скриен адут во себе да игра за европскиот шампион Реал Мадрид, има начин како да го уцени Јунајтед да го ослободи.

Тој моментално заработува 180.000 евра според последниот договор, а како што деновиве известуваат британските таблоиди, тој наводно побарал импозантни 350.000 фунти неделна плата, што и во таков случај, со такви перформанси, Јунајтед не би имал проблем да му ги понуди.

Но тоа можеби е и чекор кон кој Де Геа сака да ја искористи ситуацијата, па да премине во Реал, во случај Јунајтед да не се согласи на такви услови.

Сите добро знаат што се случуваше пред неколку години, кога Де Геа беше на прагот да потпише за Реал Мадрид, но тоа не се оствари поради бизарни причини и поради задоцнет факс кој требало да стигне во Мадрид.

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

Последни објави