14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Мицкоски: Скандалот со неучеството на регионалната конференција е приватизирање на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели

Скандалот со неучеството на регионалната конференција е приватизирање на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното видео обраќање.

– ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценувам за незрело и скандалозно однесувањето на потпретседателот на владата кој по сопствена оценка и поради причини кои никако не ја засегаат Република Македонија одлучил да не учествува на регионалната конференција на која се преставувани државите од Западниот Балкан и на која се разговара за европската интеграција на регионот, вели Мицкоски.

Македонија, додава Мицкоски, за жал пропушта добра шанса да се престави во регионот и да ги застапува своите интереси.

-Приватизирањето на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели штети на интересите на државата. Министрите во владата  се платени од граѓаните да ги преставуваат интересите на  Македонија и тоа е единствената и најважна агенда и обврска на секој еден функционер, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ваквиот дипломатски скандал отвара повеќе дилеми:

1.Дали учеството на Самити во иднина ќе зависи од тоа кои држави се поканети во регионот  и дали владата има донесено одлука за тоа? 2. Доколку се работи за изолирана одлука, дали владата ќе покрене прашање за одговорност за дипломатскиот скандал и каква ќе биде таа? Ваквиот незрел однос е само приказ за општиот однос на владата кон интеграцијата на регионот каде како земја имаме целосна стагнација. Владата покажува неспособост во секое поле и област и затоа мора да си оди. Доаѓа нова надеж за Македонија, заклучува Мицкоски во своето идео обраќање.

поврзани објави

Последни објави