6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Коѕијас: На Албанија не и отстапуваме ниту педа земја

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас ги офрли обвинувањата на домашните медиуми дека неговата земја и отстапува дел од свјата територија на Албанија.

Тој посочи дека иформациите дека Грција отстапува дел од својата територија се лажни, отсечно додавајќи дека „Грција нема да и отстапи на Албанија ни педа земја“,што дел од медиумите ја оценуваат како добра вест за Грците.

– Прочитав некои факти кои не постојат, а за кои ме обвинуваат. Од една страна ме обвнуваат дека не сум свесен за она што се случува во овие процедури, но од друга страна ме обвинуваат за подршка на истите, изјави Коѕијас, јави порталот „Албеу“.

Дообјаснува дека, во врска со морската гранца со албанската страна, се во фаза албанскот претседател Илир Мета да ја авторизира преговарчката група на Министерството за надворешни работи на Албанија, која ќе преговара со грчката.

Во меѓувреме во Албанија не стивнуваат обвинувањата на адреса на премиерот Еди Рама и шефот на дипломатијата Дитмир Бушати ,дека веќе и отстапиле на Грција 12 милји од Јонско Море, богато со нафта и гас.

поврзани објави

Последни објави