18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Mикел е сигурен: Челси ќе ја нокаутира Барселона на „Камп Ноу“

Нигерискиот интернационалец, Џон Оби Микел кој единаесет години беше дел од тимот на Челси (2006–2017) ветува оти „сините“ ќе ја исфрлат Барселона од Лигата на шампионите.

Првата средба во Лондон која се одигра во вторникот заврши без победник 1-1, но Микел е сигурен и верува во избраниците на Антонио Конте дека ќе остварат поволен резултат на „Камп Ноу“ како што тоа тој и соиграчите го направија во 2012 година.

-Играв 11 години за Челси, а тој кам-бек ќе го паметам до крајот на мојот живот. Секако јас ќе продолжам да го подржувам Челси и се надевам ќе минат во следната рунда. Верувам ќе ја нокаутираат Барселона на нејзин терен како што ние направивме во 2012 година, -рече Микел кој сега игра во Кина.

Да потсетиме во таа 2012 година, Челси славеше на првиот меч со 1-0, додека во вториот се избори за реми од 2-2 иако губеше со 2-0.

поврзани објави

Последни објави