6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

ГДУ: Реформите се потребни за благосостојбата на граѓаните, а не заради нечија политичка суета

„Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер турнејата низ шесте балкански земји што се надвор од Европската унија ја започнува денеска од Македонија. Онаа Македонија која на ранг листата на Индексот за перцепција на корупцијата денес се наоѓа на најниското 107 место.Онаа Македонија во која функционирањето на правната држава е апстрактен поим.И да, највисоките државни претставници на таквата Македонија (премиерот и Претседателот на Републиката) денеска ќе ги реафирмираат заложбите на земјава за отпочнување на преговори за членство во Унијата.Почитувани, ако за момент заборавите на проблемите поврзани со преговорите со Грција, ако потребата од неопходните реформи не ја “врзувате” со Унијата, во таков случај Ви останува само “нашата маленкост”- ние граѓаните!Нам ни се потребни реформите и промените поради нашата благосостојба, просперитет и сигурност. Имајте го ова на ум додека беседите за “евроатлантските интеграции”.Додека го оценувате досегашниот напредок и ефикасност на институционалното функционирање на државата, имајте предвид дека “администрацијата се уште не може да ја преброи администрацијата” дека мантрата –Согласно Уставот и законите…сеуште е секојдневие-простете, но ентузијазмот со кој се обидувате да плените на прес конференциите, треба да биде поткрепен со видливи резултати (без оглед на ступидните потфати на претходниот владин состав, се за и околу спомениците, немаме мнение дека се реформи)И да, актуелниот владин кабинет во голема мера е кабинет на континуитетот, искористете ја најавената реконструкција да го прекинете тој континуитет.Реформите не се “статистички податоци” произведени во владините кабинети и наменети за ПР службите кој потоа ни се сервираат како “големи успеси”.Не нудете по кој знае кој пат, “пакет од законски мерки”, почнете да ги применувате и почитувате овие кои ги имаме.Затоа што не постои закон кој го “регулира” моралниот интегритет и капацитет на поединецот. Тоа или се има, или се нема, а Јункер во својата ташна, верувајте, носи со себе и повеке од доволно информации за “нашиве”избрани и именувани функционери. Овој мал патоказ е едноставен. Доволно е за почеток“, се вели во соопштението на ИК на ГДУ

поврзани објави

Последни објави