По средбата со европскиот комесар Жан Клод Јункер, премиерот Зоран Заев вели дека за Македонија, прифатливо е спорот за името со Грција да се реши со ново име кое ќе вклучува геогравска одредница ако тоа е трајно решение за затворање на долгогодишниот проблем.
На ова, Жан Клод Јункер вели дека треба да се помири историјата и географијата, а тоа го направиле со многу земји, ќе го направат и со оваа. Јункер кажа дека разговарал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас и го поддржал спорот да го решава на постојниот начин.
„Од наша страна ја афирмираме желбата за посветеност, со лидерство и одличност да ја изодиме оваа делница. Пристапувањето кон ЕУ, влијае врз животот на граѓаните. ЕУ потврдува дека иднината на Македонија е таму. Се оддава признание за нашиот напредок. Имаме уште неколку важни активности за 2018 да биде историска година. Извештајот очекуваме да биде позитивен, заедно со пораката“.
Прес-конфренеција на Заев и Јункер
Прес-конфренеција на Заев и Јункер
Posted by A1on.mk on Sunday, February 25, 2018
Заев истакна дека од самитот на Европската унија во Софија се очекува трасирање на претпристапниот пат во Унијата врз основа на стратегијата, а пак во јуни, да се види и конкретен напредок со претпристапни преговори за влез во ЕУ и НАТО.
„Укажав дека во напорите за унапредувањето на добрососедските однос е во фокусот, преку отворен дијалог ставаме акцент на меѓусебно почитување. Затворањето на долгогодишните отворени прашања не е лесно, бидејќи е важно и за нашите граѓани. Со Ципрас работиме посветено, на затворање на долгогодишниот и мачен проблем, решение на спорот со името“, рече премиерот Заев
Според него, влезот ќе донесе многу бенефити за Европската унија, а постојаните земји членки нема да изгубат ништо.
„Ние веруваме во вредностите на ЕУ, повеќе од некои земји членки на ЕУ. Тие вредности се наша светост и многу повеќе. На Европа можеме да и дадеме многу. Земјите членки треба да знаат дека од Македонија ќе добијат многу, а нема да изгуби ништо“, кажа Заев.
Извор: a1on.mk








