Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва, од свое и од име на партијата, упати честитка до САД по повод ианугурацијата на новиот 45. претседател Доналд Трамп.
„Посакувајќи добро здравје и успех во неговата нова задача, остануваме уверени дека Соединетите американски држави ќе продолжат да бидат стратешки партнер на Македонија, Албанците и Балканот, и поддржувач на нашиот незапирлив евроатлантски пат“, наведува Ахмети.
Во честитката Ахмети изразува почит и за поранешната администрација на Обама, како и за, како што вели, големиот придонес на САД во земјава и за Албанците воопшто.