4.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Откако му ја ограбија куќата продолжи “ноќната мора“ за Кутињо

Меѓутоа, што се однесува до приватниот живот на Кутињо и неговата фамилија баш и не уживаат во Барселона. Минатата седмица бразилскиот фудбалер поради непрописно паркирање остана без својот автомобил бидејќи го крена „пајак“, а истиот ден кога се врати дозна дека е ограбен.

Неволјата за бразилскиот играч не застана тука бидејќи тој го оштети новото Ауди кое го доби од Барса кога потпиша за овој клуб. Додека пробуваше да го паркира својот автомобил пред својата куќа тој ја оштети левата страна бидејќи удари во ограда.

Сепак, Кутињо не мора да се грижи доколку штетата на клубот биде нешто поголема бидејќи тој веднаш ќе добие нов автомобил од спонзорот на Барса Ауди. Исто така, шпанските медиуми пренесуваат дека Кутињо наскоро ќе ја промени куќата, и ќе биде поблиску Луис Суарез и Лионел Меси.

поврзани објави

Последни објави