20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Болт добро ја изработи јавноста, но си ја оствари желбата и ќе заигра на „Олд Трафорд“ (Видео)

Јусеин Болт ги стави во исчекување фудбалските фанови најавувајќи дека денеска ќе го соопшти името на тимот со кој ставил потпис на договор, а иако многумина очекуваа и вистинска фудбалска бомба, на крајот испадна дека легендарниот Јамајканец направи добар маркетиншки трик за да се најави хуманитарниот натпревар на „Сокер еид“.

Неповторливиот спринтер минатата година стави крај на својата кариера, а во ситуација кога извесно време најавува дека ќе се испроба во фудбалот, си поигра со фановите и со јавноста, посочувајќи им да ја проследат неговата денешна најава за клубот кој ќе го претставува. Сето ова излез добар спакуван материјал од страна на „Сокер еид“ за најавување на мега спектаклот кој ќе се одржи претстојново лето на „Олд Трафорд“, натпревар на кој силите ќе ги одмерат Англија и тимот од останатиот дел од светот.

Капитен на домаќините ќе биде Роби Вилијамс, а капитен на тимот од  останатиот дел од светот ќе биде Јусеин Болт кој и покрај тоа што не потпиша за клуб, ќе си ја оствари својата желба да заигра на театарот на соништата.

Инаку, натпреварот на „Сокер еид“ е хуманитарно случување кое се одржува на секои две години, а последниот пат на големиот спектакл кој заврши 3:2 за Англичаните играа големи фудбалски ѕвезди и познати личности од другите сфери.

поврзани објави

Последни објави