Арсенал и оваа сезона ќе остане краток кога странува збор за најважните трофеи, но за жал на навивачите, не се гледа крајот на оваа криза.
Последната титула во Премиер лигата, лондонскиот клуб ја освои во 2004 година, а капак на лошите резултати беше пласманот во Лигата Европа. Навивачите се прашуваат што се случува, легендарниот напаѓач на клубот ја откри вистината.
„Играчите не доаѓаат на тренинзи или доцнат и потоа тврдат дека се болни. Тоа не е во ред и покажува дека клубот има сериозни проблеми. Ако фудбалерите не скааат да доаѓаат на тренинзи и да имаат дополнителни напори, а заработуваат толку пари, што да се очекува тогаш?”, изјави Рајт.
В четврток Арсенал игра против Манчестер Сити, истиот ривал од кого убедливо загуби во финалето од Лига купот на Англија.
Извор: Sportclub.mk