3.8 C
Skopje
Saturday, December 21, 2024

Мурињо се реши: Ова ќе бидат новите играчи за врска на “Црвените ѓаволи“

клубот на португалскиот стратег Жозе Мурињо зимово беше доста активен кога станува на трансфер пазарот, а според последните информации од британските медиуми Јунајтед планираат уште поактивни да бидат во текот на летото, за што веќе Мурињо има доставено неколку свои барања до управата на клубот. Главни точки во неговиот план моментално се двајца играчи за врска кои му недостасуваат на Јунајтед, или подобро речено, кои ќе му недостасуваат.

За потсетување, Мајкл Керик на крајот од сезоната ја завршува својата кариера и ќе се приклучи во стручниот штаб, додека Маруан Фелаини е на трансфер листата и само прашање на време е кога ќе пристигне понуда која „Ѓаволите“ ќе ја прифатат.

Тоа практично значи дека на екипата и остануваат две испразнети места за средниот ред. Погба и Матиќ би требало да имаат загарантирани позиции, Мата и Андер Ерера се тука како поддршка, додека Ешли Јанг веќе има 32 години. Се останато се млади момци од академијата кои Мурињо постепено ќе ги воведува во тимот. Јасно е дека барем две засилувања се прекупотребни.

„Дејли Мејл“ состави листа од шест играчи за врски кои Манчестер Јунајтед посебно ќе ги скенира до летото и на крајот ќе одлучи.

Еве што се вели за шестмината кандидати…

Сергеј Милинковиќ Савиќ (23 години) – Извонреден оваа сезона во Серија А. Цената ескалираше како резултат на тоа. Висок, силен и вешт со топката, ќе му биде партнер на Немања Матиќ на средината од теренот во репрезентацијата на Србија. Нема да биде лесен лов, го сакаат Челзи, Јувентус, Реал, ПСЖ… Негов агент е поранешниот напаѓач на Челзи, Матеја Кежман. Лотито бара минимум 170 милиони евра за него.

Жан Мишел Сери (26) – Минатата сезона беше на мета на Барселона, Манчестер Сити и ПСЖ. Манчестер Јунајтед се распрашуваше и за неговиот соиграч Вилиан Сипријен. Сери е стандарден член на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, одличен во додавањата, со ниско тежиште… Мана му е што призна дека не сака да игра во ладни временски услови и дека затоа ја преферира Шпанија. Неговата цена е 35.000.000 фунти.

Жоржињо (26) – Бразилецот со италијански пасош од Наполи е интересен и за Ливерпул како замена за Емре Џан. Жоржињо има 26 години, стекна искуство играјќи во Серија А, а оваа сезона е еден од клучните играчи на Маурицио Сари. Обавува дефанзивни задача и може да искреира на половината на противникот. Прашање е колку на Мурињо му е потребен играч со такви карактеристики кога веќе има сличен во Ерера, а неговата цена е 35.000.000 фунти.

Тони Крос (28) – Вистински метроном, идеален играч за средниот ред на Јунајтед. Многумина велат дека фантастично би се вклопил со Матиќ и Погба, и дека тоа би бил најсилниот среден ред на светот. Според информациите од Островот, заинтересиран е за нови предизвици, но впечаток е дека Англичаните многу промашија со неговата цена (30.000.000 фунти), бидејќи би било нереално Реал да го пушти за тие пари. Ако воопшто размислува за продажба…

Виктор Ванјама (26) – И Јунајтед и Ливерпул го регистрираа неговото излегување од повредата и го обновија интересот. Двата клуба го сакаат, веруваат дека постои желба и кај самиот фудбалер, но голема, веројатно и непремостлива пречка во оваа работа е првиот човек на Тотенхем Даниел Леви. Ванјама, според потребите, може да игра и на позицијата стопер. А тоа мошне се цени во модерниот фудбал.

Вилијан (30) – Мурињо тврди дека на лето нема да брка напаѓачи, но не одрекува дека добро би му дошол еден офанзивен играч за врска кој умее да се закани во последната третина од теренот. Вилијан игра во животна форма, меѓутоа позната е политиката на Челзи кон играчите постари од 30 години, а Бразилецот полни 30 во август. Јунајтед во текот на јануари се распрашуваше, на лето интересот би можел да биде обновен.

поврзани објави

Последни објави