Набргу откако ја презеде претседателската функција новиот претседател на САД Доналд Трамп ги отпушти сите амбасадори во странство и засега не е јасно со кого ќе ги замени.
Трамп побара секој амбасадор на САД, кој е назначен од претходниот претседател Барак Обама, да поднесе оставка до пладне 20 јануари.
Досега се направени само неколку назначувања. Гувернерот на Јужна Каролина Ники Хајле е амбасадор во ОН и ќе го замени Саманта Пауер на функцијата. Адвокатот Давид Фридман е амбасадор во Израел, а гувернерот на Ајова Тери Бранстад е назначен за амбасадор во Кина. Беше објавено дека Иванка Трамп, ќерката на новоизбраниот претседател, била заинтересирана и пројавила интерес да стане амбасдор на САД во Република Чешка. Советот за национална безбедност и Министерството за одбрана досега се со прилично неисполнети места.