Вработена мајка со шест деца, помали од шест години открила како го одржува редот во својата куќа, наспроти хаотичниот семеен живот.
Крешел Картер (27) не само што го води домаќинството туку и успева да обезбеди совршено чист дом, пишува “Daily Mail”.
Австралијанката која покрај сè го води и блогот “Eight At Home“ е позната и по духовитиот пристап кон семејниот живот. Неодамна таа открила како управува со целата “збрка” во својот дом.
Оваа мајка од јужна Австралија не е една од оние домаќинки кои секогаш средуваат по другите, туку живее по правилото “децата помагаат”.
“Сликаме, си играме со коцки и правиме различни активности преку кои децата се забавуваат, но откако ќе завршат со тоа, тие мора да ги средат своите соби”, нагласува Картер.