12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Што знае Кутињо што не знаат останатите: Информација која му ја пренел на Меси за Јунајтед

Шокантни информации доаѓаат од Шпанија, каде контроверзниот Don Balon, тврди дека Филипе Кутињо разговарал со Меси околу можниот трансфер на Нејмар во иднина.

Кутињо наводно му рекол на Лео Меси дека Нејмар е сериозно со мислите кон Манчестер Јунајтед и дека нивниот спонзор Шевролет, прави се што е во нивен ранг на моќ, да го доведат Бразилецот во иднина на „Олд Трафорд“.

Колку и да звучи тоа неверојатно и скоро неостварливо, во ваков свет на фудбалот опкружен со многу пари, секоја информација треба да се земе во предвид.

Кутињо го убедувал Меси дека има шанси Нејмар да премине место во Реал, во Манчестер Јунајтед.

Нејмар минатото лето направи сензационален трансфер во ПСЖ, во запрепастувачка трансфер сума од 222 милиони евра.

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

     

Последни објави