Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Канал 5, потврди дека партијата сака да го види во своите редови поранешниот лидер Љубчо Георгиевски.
Високи претставници на партијата за „Поглед“ велат дека кај Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски постои желба за враќање на Георгиевски во партијата и дека истиот добил отворена понуда од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, рано е да се шпекулира за било што, постои желба за соработка од двете најголеми македонски политички партии, а конечниот исход од целата ситуација ќе биде познат по внатрепартиските одлуки во ВМРО-НП.








