Арсенал е мета на потсмев за многумина, дури, и за спонзори на клубот.
Арсенал синоќа повторно загуби од лидерот во Премиерлигата Манчестер Сити, претходно во финалето од Лига Купот со 0-3, а последниот пораз беше пред своја публика, и тоа со идентичен резултат.
Еден од спонзорите на тимот од Лондон, букмејкерската компанија „SportPesa“ ја тролаше екипата на Арсен Венгер за време на пресметката со Манчестер Сити, не беа поштедени ниту големите засилувања Хенрих Мхитарјан и Пјер-Емерик Обамејанг, па еве како изгледаше сето тоа…

„Уште еден час до крајот на ова… Стоп, стоп!“

„Пјер, ние направивме огромна грешка овде пријател“

„Пенал? Можеби доколку го погодат ова тие ќе го искористат моментот и ќе се вратат“








