Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија танцуваа на балови организирани во чест на неговата инаугурација.
Пред публиката Трамп изјави дека неговиот прв ден на функцијата е одличен.
„Луѓето кои не се однесуваа особено добро со мене, велат, дека сме се справиле навистина многу добро денес. Изгледа како Бог да не гледаше одозгора“, рече тој
На два од трите бала, организирани во негова чест, новиот претседател и неговата сопруга танцуваа под звуците на песната на иконата Френк Синатра „My way“ – „На мој начин“ во друштво на потпретседателскиот пар и членови на семејството на Трамп.