Пеп Гвардиола го испофали Антонио Конте пред утрешниот дуел на Манчестер Сити и Челси во Премиер лигата.
На Сити на Гвардиола му се потребни уште само четири победи за да ја осигура шампионската титула, но и на Челси на Конте им е потребен добар резултат на „Етихад“ во борбата за пласман во топ 4.
Италијанскиот стратег е доста критикуван по серијата слаби резултати на Челси, но во негова одбрана застана Пеп.
– Мислам дека Конте ќе му остави нешто на англискиот фудбал. Сигурен сум во тоа. Луѓето не сфаќаат што направи Конте тука во Премиер лигата. Тој воведе нов начин да се напаѓа со петмина во одбраната, нов систем. Многу тимови, дури и Арсенал, се намачија да го имитираат – изјави Гвардиола.