7.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Канте ја загубил свеста на тренинг, играчите на Челси шокирани!

Англиските медиуми тврдат дека Н’Голо Канте го пропуштил дербито меѓу Манчестер Сити и Челси, затоа што во петокот се онесвестил во соблекувалната на тренинг центарот на лондонскиот клуб.

Францускиот репрезентативец ја загубил свеста по тренинг и ги шокирал соиграчите кои нормално реагирале веднаш, по што лекарскиот тим ја презел работата во свои раце и се погрижил за Канте.

Челси официјално објави дека Канте не играл против Сити поради болест, а вистината е дека по несаканата случка, тој итно бил пратен на испитувања да се утврди дали има некаков здравствен проблем, но специјалистите не пронашле нешто загрижувачко. Но, иако Конте решил да го води својот фудбалер во Манчестер, Канте не се чувствувал добро и не бил подготвен за настап.

Информацијата за смртта на Давиде Астори само дополнително ги испаничил одговорните во редовите на Челси, но тестовите покажале дека нема посебна причина за загриженост и веројатно Канте ќе биде во тимот за дуелот против Кристал Палас.

поврзани објави

Последни објави