7.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

И пцуеше и урлаше! Мурињо повторно збесна, овојпат реакцијата резултираше со успех..

Жозе Мурињо помина низ пекол на гостувањето кај Кристал Палас и многу малку недостасуваше неговиот тим да го загуби не само натпреварот, туку и второто место на премиерлигашката табела.

Се изгледаше загубено на почетокот од второто полувреме кога домашниот тим поведе со 2-0 по една грешка на домашната одбрана кога буквално заспаа сите фудбалери на Јунајтед.

Тоа го извади од такт Мурињо кој почна да урла по нив, малку и да пцуе. Но, изгледа дека неговата нервоза влијаеше на фудбалерите, тие се созедоа и до крајот на мечот направија спектакуларен пресврт, крунисан со евроголот на Матиќ во 92. минута.

поврзани објави

Последни објави