20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Тројца кандидати за нов тренер на ПСЖ, од кои едно име посебно се истакнува..

Иднината на Унаи Емери на клупата на ПСЖ не е светла и се чини дека во прашање се денови кога шпанскиот стручњак ќе го напушти Паркот на принцовите.

ПСЖ има фантастични и скапо платени фудбалери кои минатата сезона не успеаа да ја освојат Лига 1, а во Лигата на шампиони се шокантно елиминирани од Барселона во осмина-финалето. Оваа сезона Парижаните повторно ќе ја освојат лигата во Франција, но тоа не е утеха, бидејќи резултатот во Лига на шампиони повторно го нема.

Тимот од Париз синоќа беше поразен од Реал Мадрид, но она што ги загрижува сите навивачи и челници на овој клуб е начинот на кој ПСЖ го положи оружјето пред кралскиот клуб. Објективно, ПСЖ покажа дека се недораснати за да бидат ривал на Реал и дека нема што да бараат меѓу европската фудбалска елита.

Гледајќи од оваа перспектива, сопственикот – шеикот Насер Ал Келафи залудно ги трошеше енормните суми за засилување на клубот, но тешко е дека проблемот е во фудбалерите. Најголемиот виновник за ваквата ситуација на клубот е токму тренерот на ПСЖ Унаи Емери, кој наскоро би можел да стане бивши.

Француските медиуми спомнуваат тројца кандидати кои би можеле да го заменат на клупата на ПСЖ.

Како најсериозен кандидат се споменува Луис Енрике, кој се смета за фаворит за ова место. Овој 47-годишен шпанец е без ангажман по разделбата со Барселона и не би претставувало чудо доколку токму Париз биде негова следна дестинација.

Француските медиуми како можни кандидати наведуваат уште две имиња односно Арсен Венгер или Зинадин Зидан. За тоа како ќе се одвиваат работите на клупата на тимот од Париз, останува да видиме…

https://www.youtube.com/watch?v=mEwL-SH-79c

поврзани објави

Последни објави