35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Coca-Cola ќе го лансира нивниот прв алкохолен пијалак

Coca-Cola за првпат во 125-годишната историја на компанијата ќе произведува алкохолен пијалок. Ова беше најавено од претседателот на подружницата на Coca-Cola во Јапонија, каде и ќе биде лансиран новиот производ.

Компанијата е спремна да направи профит од растечката популарност на Chu-Hi, јапонски пијалак на база на лимон кој содржи мал процент на алкохол.

За почеток, Coca-Cola планира да го лансира производот само во Јапонија, за да го тестира пазарот и да почувстува каков е интересот на потрошувачите за нов алкохолен пијалок. Овој производ содржи околу 3% до 8% алкохол, а тоа го прави многу популарен кај младите потрошувачи, кои го користат како замена за пиво и освежителни пијалоци.

„Досега немаме експериментирано во категоријата со мала количина на алкохол, но овој обид треба да биде пример за нашиот константен интерес за нови можности и желба за промена“, рече Жорге Гардуно, претседател на погонот на Coca-Cola во Јапонија.

Сепак, новиот производ на Coca-Cola нема да биде достапен надвор од Јапонија, примарно поради тоа што се работи за пијалак направен според вкусовите на локалните жители, но и поради тоа што Јапонија ќе послужи како тест-пазар за тоа дали ваквиот потег е чекор во правата насока.

поврзани објави

Последни објави