18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

За време на бугарското претседателство: Постои клучна дебата за иднината и финансиите на целата ЕУ

Се очекува Европската комисија официјално да го поднесе својот предлог во мај. На седницата на Комисијата за животна средина и јавно здравство на Европскиот парламент се поддржаа предлозите на Андреј Ковачев, европратеник од ГЕРБ / ЕНП кои се однесуваат на областите на здравство и животна средина. По гласањето бугарскиот европратеник истакна дека според Евробарометар – повеќе од 80% од европските граѓани очекуваат од ЕУ во областа на здравството да има повеќе европски ангажман.

А тука има проблем бидејќи во буџетот на ЕУ нема доволно средства за здравствена заштита. Јас во комисијата за Здравство предложив да ги зголемат финансиските средства за оваа политика и тоа беше прифатено, објасни Андреј Ковачев пред Бугарското национално радио.

Основното прашање тука е – како на европско ниво да се помогне пристапот до квалитетна здравствена заштита која ги исполнува најновите научни достигнувања.

Ова се во области како што се превенција, размена на добри практики, интеракција со националните здравствени установи. Тука ја гледам улогата на ЕУ “, објасни Андреј Ковачев.

Бугарскиот европратеник смета дека ова ќе има голем ефект и придонес и за Бугарија.

“Желбата на ЕК и ЕП е да има унифицирање на стандардите од сертифицирањето на иновативни техники и лекови во областа на здравството и профилакса на општествено значајни болести.

Многу важно е долгорочната финансиска рамка да продолжи да ја поддржува борбата со здравствените нееднаквости кои ја поткопуваат социјалната кохезија и процесот на европска интеграција. Нееднаквостите во здравството се голем проблем во ЕУ, тие исто така се причина за миграција – и за пациентите и за медицинскиот персонал “, рече тој.

поврзани објави

Последни објави