Законот за јазици ја стресе владејачката коалиција , но и од СДСМ и од ДУИ тврдат нема криза во парламентарното мнозинство. Сепак нема ни договор како ќе ги решаваат дијаметрално спротиставените ставови околу амандманската расправа за законот, која од СДСМ велат мора да ја има, барем за дел од амандманите, додека пак ДУИ се категорични дека ќе се отфрлат.
Неофицијално, не се исклучува решението да се бара на лидерска средба меѓу Заев, Ахмети и првиот опозиционер Мицкоски уште неделава. Собранискиот спикер пак им даде една недела да се најде решение за законот. Џафери во интервју за Алсат М порача дека дел од пратениците на СДСМ најавиле дека нема да го го гласаат.
„Во СДСМ имаа резерви. Иако не ги кажаа јавно, јас како претседател на Собранието констатирав дека ќе има проблем со гласањето. Опозицијата го услови СДСМ, дека ако се донесе Законот за јазиците во форма како што јас предложив, тогаш тие ќе се повлекле од преговорите и целосно ќе ги бојкотирале реформските проекти на Владата“ – изјави Џафери.
Официјално, од СДСМ велат дека дале простор да се најде решение. И дека не може на сила да се гласа законот. Изминатиов период повеќе функционери на СДСМ порачуваа дека дел од амандманите би требало да се отфрлат како неделовнички, но за дел мора да има расправа.
„СДСМ и коалицијата му дава шанса на дијалогот. Веруваме дека само преку разговори со коалициските партнри и опозицијата може да се изнајде решение.“ – велат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ и денска се на ставот дека мора да се запазт сите деловнички процедури. На собрансикиот спикер му порачуваат дека доколку биле незаконски амандманите не требало да ги стави во процедура. Неофицијално од партијата на Мицкоски најавуваат напуштање на работните групи, кривична за Џафери, но и дека нема да присуствуваат во процесот Жан Моне.
„ВМРО-ДПМНЕ очекува и верува дека премиерот Заев и власта ќе останат на ставот дека за нив се приоритетни реформите и дека тоа ќе го реализираат. Законот за употреба на јазиците не е дел од приоритетите за приближувања кон Еуниту е дел од европскиот пакет.“
Денеска и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи презентирајќи го планот 3-6-9, пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија рече дека токму законот за употреба на јазиците може да го промени текот на нештата за реформските процеси.
„Работните групи се навлезени суштински да разговараат да конкретните решенија. Сеуште не можам да кажам за конечниот епилог, но се на добар пат, и сметам дека прашањето со законот за јазици треба да биде дел од тој пакет.“ – изјави Османи.
Да не се губи време и да се гласа што поскоро Законот за употреба на јазиците денеска повика и движењето Илирида кои во дописот меѓудругото посочуваат и од неопходноста за федерализација наведувајќи дека
„Заобиколувањето на волјата на Албанците е причина за потврдување на аргументот и потребата од федерализација. Федерализацијата не е исклучена од страна на правните норми на ООН и таа е легитимна воља на албанците стои во соопштението до јавноста.“
Законот за јазиците беше дел од коалицискиот договор за влада меѓу Зоарн Заев и Али Ахмети, мнозинството веќе еднаш го изгласа, а претседателот Иванов стави вето. При повторената постапка опозицијата поднесе 35 569 амандмани, власта ги окарактеризира како блокада на законодавниот дом.