По минатогодишниот шок и историски дебакл на гостувањето на „Камп Ноу“, Насер Ал Келафи одлучи сериозно да го одврзе ќесето и во изминатиов летен преоден рок потроши 400 милиони евра на трансфери, но дури и тоа не се покажа како доволно да се приближи доволно до титулата во Лигата на шампионите.
Напротив, ПСЖ оваа сезона доживеа елиминација уште во првата нокаут рунда во Лигата на шампионите, и тоа претрпувајќи порази од големиот Реал Мадрид во двата натпревари кои се одиграа во шпанската и француската престолнина. ПСЖ влезе како фаворит во овој двомеч со оглед формата и ростерот на играчи со кои располага, но уште еднаш се покажа дека парите и играчите не можат да го купат тимскиот дух, а особено искуството на вака големи натпревари.
Легендарниот Ариго Саки ја даде најдобрата илустрација за тоа каков меч се гледаше вчера на „Паркот на принцовите“, а огромното разочарување по крајот на средбата не го криеше ниту Насер Ал Келаифи кој во изминативе седум години инвестираше повеќе од една милијарда во трансфери за ПСЖ.
Катарскиот шеик со големо разочарување говореше за елиминацијата во раната фаза од Лигата на шампионите, но сепак напомена дека во иднина и натаму ќе инвестира и ќе продолжи да дојде до својата цел, а тоа е трофејот во најелитното европско натпреварување. Поради ваквата изјава, медиумите веднаш се фатија за работа и се обидоа да пресметаат колку пари потроши Ал Келафи откако го презема клубот, а навистина разочарувачки е податокот дека 1 милијарда и 115 милиони се покажаа како премалку да се мине осминафиналето во Лигата на шампионите.
Извор: Derbi.mk