7.8 C
Skopje
вторник, април 21, 2026

„Л’Екип“ со сензационална вест: ПСЖ ги почна преговорите со Конте (Фото)

Француски „Л’Екип“ излезе со сензационална вест околу евентуалниот наследник на Унаи Емери во ПСЖ.

Според информацијата која успеал овој реномиран весник да ја докопа, со завршувањето на сезоната, Антонио Конте го напушта тимот на Челси и пристигнува во ПСЖ. Главната конекција помеѓу двете страни, бил братот на Конте, Џанлука Конте.

Од францускиот тим биле заинтересирани за италијанскиот стратег само поради тоа што може да воведе дисциплина во тимот и да направи победничка атмосфера во клубот, но и да направи свежина во натпреварувачкиот ростер со доведување нови имиња  со цел подигнување на нивото на игра на клубот.

Според информациите кои ги пласира францускиот весник, контактите веќе се во полн ек и се очекува Конте да пристигне во Париз во вторник.

поврзани објави

Последни објави