30.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Наместо подароци, хуманитарна акција во училиштето Карпош

Наставничките од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Скопје, одлучија празникот 8.Март, наместо со подароци, да го одбележат со хуманитарна донација за заболените од ретката болест Вилсон.

Наставничките писмено ги известија родителите, доколку мислат да одвојат пари за да им купат подароци, тие пари да ги наменат за хуманитарни цели.

„Доколку сте планирале било какви средства да одвојувате за наставничките по повод 8 Март би Ве замолиле средствата да ги уфрлите во кутија за донации за лекување на ретки болести која е поставена во училиштето како дел од хуманитарната акција која ја спроведуваат ученицитe. Најголем подарок за наставничките е љубовта и почитта која ја добиваат од своите ученици“, пишува во пораката која ја добија родителите.

Хуманитарната акција започна утринава, а ќе трае две недели.

поврзани објави

Последни објави