13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ангела Меркел: И покрај постигнатиот напредок борбата за рамноправност на жените продолжува

И покрај досега постигнатиот напредок борбата за исти права на жените продолжува, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел по повод Меѓународниот ден на жената.

– Многу жени пред нас се бореле за исти права на жените. Се навршуваат 100 години откако жените го добија правото на глас, но ние се разбира, не сакаме само да гласаме, туку и да ја определиме политиката во сите области, рече канцеларката Ангела Меркел.

Меркел истакна дека, во Германија уште има претстои многу работа за постигање на рамноправност меѓу мажите и жените. Денешниот празник не е само ден, во кој се враќаме назад кон постигнатото, но и ден кога изјавуваме дека, борбата за исти права на жените продолжува, заклучи таа.

поврзани објави

Последни објави