Оваа година во изборот на Форбс влегуваат 259 луѓе.
Шефот на гигантот во онлајн трговијата „Амазон“ Џеф Безос е најбогатиот човек во светот, според годишниот рејтинг на магазинот Форбс.
Еве како се рангирани милијардерите:
Благодарение на поскапувањето на акциите на Амазон со 59 % за 12 месеци, Џеф Безос додава речиси 40 милијарди долари кон своето богатство при што сега тежи неверојатни 112 милијарди долари. Сумата со која тој го надминува Бил Гејтс, е 90 милијарди долари, која е најголемата разлика меѓу првите двајца во историјата на рангирањето на овој магазин.
Легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет ја задржа својата трета позиција со 84 милијарди долари, по што следи францускиот индустријалец Бернард Арнон, со 72 милијарди долари, зголемувајќи се на рејтинг листата на број 4 од 11-то место.