29.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Бонучи емотивно се распрсна по поразот од Арсенал: Извини Астори… (Видео)

Леонаро Бонучи беше скромен како и целиот тим на Милан во дуелот со Арсенал, а покрај што жалеше за поразот кој го претрпе неговиот тим на „Сан Сиро“, капитенот на „росонерите“ беше посебно потресен поради она што во текот на вчерашниот ден се случи во Фиренца.

Цел град и огромен дел фудбалски фанови и ѕвезди му оддадоа последна почит на Давиде Астори кој беше погребан по трагичната смрт во неделата, а Бонучи беше емотивно потресен во обраќањето во живо и му е извини на својот поранешен соиграч што не беше во можност да дојде во Фиренца поради клупските обврски.

– Чао Давиде. Немав можност да одам да го поздравам. Давиде беше број еден во се, многу ме боли неговата ненадејна смрт. Не можев да отидам да го поздрава, тој секогаш ќе биде дел од мене. Беше голем соиграч и голем човек. Извини Давиде, – порача крајно емотивниот Бонучи.

поврзани објави

Последни објави