Премиерот Зоран Заев на својата Фејсбук страница го искоментира апсењето на советникот во МВР.
„Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти.
Нема место за толеранција на какви било незаконски дејства.
Институциите мора да бидат целосно посветени во служба на граѓаните и во функција на владеењето на правото“, напиша Заев.