Уште еден затвореник од КПД „Идризово“ го загуби својот живот пренесува „ТВ21“. Според информациите станува збор за 59 годишен затвореник со иницијали М.С.
Починатиот се пожалил на болка во градите, а починал во затворската амбуланта. Телото е предадено на обдукција, со цел да се утврди причината на смртта, пред да биде предадено на семејството.